Vapeki Solutions

Сервиси

ДТУ Вапеки Солутионс ДОО, Скопје, со веб страната www.vapads.com (во текстот ние, нас, фирмата), нуди различни сервиси во светот на надворешното рекламирање со опции за реклама на такси возила. Нашата фирма се занимава со различни опции како ЛЕД реклама на покривите на такси возилата, дигитални лед билборди за надворешно рекламирање, дигитални тотеми и други производи кои можете да ги видите на веб страната.

Производи

Нашата компанија не ги произведува ниту креира посточеките панели и проектори и не и неможе да биде одговорна за квалитетот или изработката на производите. Нашата компанија нуди препродажба или друг стил на користење на производите.

Сопственот

Материјалите дадени на веб-страницата www.vapads.com, вклучувајќи ја целата содржина, информации, фотографии, илустрации, графици, имиња, трговски марки и логоа, се сопственост на ДТУ Вапеки Солутионс ДОО или нејзините пријатели, или поврзани интернет фотографии кои се користат како пример за некоја дејност за која може и немора, да имаме права за истите за користење. Без оглед на посебните одредби, содржината на веб-страницата, како што е опишано погоре, не смее да се менува, копира, репродуцира, продава, изнајмува, се користи, се дополнува или се користи на кој било друг начин без претходно писмено одобрение на ДТУ Вапеки Солутионс ДОО.

Ништо содржано во горенаведеното нема да се толкува како давање со импликација или на друг начин каква било лиценца или право да се користи каков било патент, трговска марка или друго право на интелектуална сопственост на ДТУ Вапеки Солутионс ДОО. Ниту, пак, доделува лиценца или права за користење на авторски права или други права поврзани со материјалите опишани погоре.

Наши термини кои ги користиме како за зборови и опис за дејноста се: „Дигитални ЛЕД билборди“, „Дигитални Билборди“, „Дигитални ЛЕД дисплеи“, „Дигитални билборди на такси“, „Надворешни дигитални билборди“ и слични изрази.

Договор

Нашата фирма има склучено договор со такси компанијата која го раководи “Радио Такси Рива“ за инсталирање на дигиталните видео лед панели на кровот од такси возилата во почнувајќи од 2020 но и усмена потврда од самите возачи во такси компанијата „Рива“.

Веб страна и објавување на термини

Нашата фирма го задржува правото да објавува називи, имиња, модели и други информации за производот на англиски јазик или друг јазик, кога:

  • Постои ризик од губење на важни информации при самиот превод
  • Нема иста или слична терминологија на македонски јазик

Гаранција на производите

Во зависност од типот на производ, нашата фирма нуди гаранција само на техничкиот дел односно при престанување на работа само од природна неисправност. Физичка оштета или било каква друга оштета предизвикана од човечка активност нема да подлежи под гаранција. Враќање на производите важи само во првите 48 часа (кој е неотпакуван и неупотребуван или само во случај на техничка неисправност).


1) Правила и одобренија
2) Поставување и договор
3) Сертификати

  • 1) Правила и одобренија

Кровните дрчажи монтирани на такси возилата во такси компанијата „Рива“ се монтирани и одржувани од страна на ДТУ Вапеки Солутионс ДОО со ЕДБ 4032020545910.

Наменети се за пренесување на кровни елементи во градска средина, каде максималната брзина на возилото не смее да надмине 120 километри на час.

Лиценците за такси возилата во градот Скопје, се издавани од градот Скопје. Возилата се во приватна сопственотст или во сопственост на компанијата во која возат, во овој случај „Рива“. Градот Скопје и неговите останати поврзани сектори за надворешно рекламирање и издавање на простор за реклама на отворено како и рекламирање на такси возилата, немаат и не поседуваат никакви ингеренции кога станува збор за инсталирање на рекламни табли на возила или компанија во приватна сопственост.

Стручна поддршка, консултација, напомена и одговор дека Градот Скопје нема никакви ингеренции врз инсталирање и монтирање на кровни елементи на такси возила, се добиени од:

  • Сектор за Сообраќај – Одделение за издавање времено решение за места за огласување со телефонски број 070310544, 
  • Сектор за планирање и уредување на просторот со телефонски број 02 2 3297 338 и 070 310 544,
  • Сектор за Сообраќај – Одделение за издавање лиценци и дозволи во областа на сообраќајот
  • 2) Поставување и договор

Кровните држачи кои се изработени од алуминиум, се наменети за голема товарна носивост од преку 50 килограми. Изработени се за возење во градска средина и овозможуваат дополнителна помош и простор за пренесување на товар или различни пакети на кровот од возилото. Рекламните табли се инсталирани врз овие кровни држачи а тежината на овие рекламни табли е од 14 до 18 килограми по табла. 

Рекламните табли пренесуваат дигитална слика преку специјализирани лед диоди. Издржуваат големи временски и температурни разлики од -20 до +60 степени. Изработени се со отвори од двете страни за проток на воздух.

Договорот е склучен помеѓу „ЕУРОТЕХНИКА РИВА Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ“ и „ДТУ ВАПЕКИ СОЛУТИОНС Д.О.О. СКОПЈЕ“. Со овој договор се одобрува имплементирањето на рекламните табли на одредени возила во такси компанијата „Рива“ а се задолжува „ДТУ Вапеки Солутионс ДОО“ да врши преглед и контрола врз истите.

3) Сертификати (CE, ISO, Roof Brackets/Holders)

Погледни тука.