Vapeki Solutions

Топ 6 кампањи со рекламни дисплеи: Дигитално Надворешно Рекламирање

Дигиталните технологии (надворешно рекламирање) станаа уште поважни во текот на изминатите години, бидејќи бевме принудени да преминеме од запознавање со луѓе лично и во живо, на разговор преку апликации на компјутер или мобилен телефон.

„Дигиталниот пазар“ е свесен за придобивките од дигитализацијата, па поради тоа, почнаа со креација на доста нови и иновативни начини за доближување на пораката до потрошувачите.

Во следниот текст FESPA.com (FESPA е глобална федерација на национални асоцијации за заедницата за печатење, дигитализација и принт на текстил) ги разгледува најдобрите апликации на дигитални дисплеи и рекламни кампањи од изминатите години.

Резервирајте го Вашиот рекламен простор

Нашата компанија за прв пат во Македонија Ви нуди дигитално рекламирање преку различни видеа или фотогалерија на производи, преку дигитални билборди монтирани на такси возилата во градот Скопје (радио такси Рива). Преку овој начин, Вашата компанија добива модерна и уникатна реклама, видена од цело Скопје!

Дознај повеќе

1) Absen со голема инсталација за надворешно рекламирање

Дизајнер: Absen
Опис: Absen почна соработка со кинескиот гигант на недвижности Kaisa Prosperity на еден голем проект за дигитален дисплеј во 2020 година. Absen произведе и инсталираше повеќе дисплеи во објектот на Kaisa во Гуангжу, вклучувајќи го и ова огромно парче дисплеј на отворено со површина нешто помалку од 275 квадратни метри.

2) Едукација на следните генерации со дигитална сигнализација

Дизајнер: CTOUCH
Опис: Како што училиштата ширум светот се затвораа и учениците беа принудени да учат од дома, CTOUCH разви нов тип на дигитален екран кој им помагаше на наставниците да предаваат од далечина. CTOUCH се поврза со Barco и Kinly за да создаде виртуелна училница  на локација во Ајндховен. Компаниите, исто така, би можеле да го користат капацитетот за да им обезбедат обука на вработените.

3) #Sending Love

Дизајнер: Talon Outdoor / Grand Visual
Опис: Talon Outdoor помогна да се „сподели љубовта“ како дел од големата кампања за рекламирање на отворено (Out-Of-Home advertising). Овозможена од Светската организација за надворешно рекламирање, кампањата #SendingLove се одвиваше низ рекламен простор дониран од над 70 сопственици на медиуми низ 153 градови. Потрошувачите би можеле да достават слики од себе како прават форми на срце, а тие потоа се емитуваат на екраните во голем број земји.

4) Ocean Outdoor со „ас“ на Вимблдон дисплеј

Дизајнер: Ocean Outdoor
Опис: Вимблдон беше еден од многуте спортски настани што станаа жртва на Ковид пандемијата во 2020 година, при што тенискиот турнир беше откажан поради ограничувањата во Обединетото Кралство. Ocean Outdoor помогна да се ублажи ударот за навивачите со спроведување на специјална кампања на локацијата Piccadilly Lights во Лондон, прикажувајќи ги моментите од некои од најголемите финалиња на Вимблдон.

5) Глобална благодарност за медицинските работници

Дизајнер: JCDecaux
Опис: JCDecaux прикажа пораки за поддршка и благодарност за клучните и основните работници ширум светот. Компанијата ја искористи својата експанзивна мрежа на екрани за да ги емитува овие пораки, фокусирајќи се на критичната улога што овие работници ја одиграа за време на кризата „Ковид-19“.

6) Некаде преку виножитото - дигитално надворешно рекламирање

Дизајнер: Landsec / Ocean Outdoor
Опис: Завршувањето на оваа листа со почит на хероите од 2020 година, нашите многубројни клучни работници. Landsec и Ocean Outdoor гo трансформираа Piccadilly Lights во огромно виножито, со слики од илјадници вработени во NHS (Национална здравствена служба), клучни работници и негуватели. Виножитото стана симбол на благодарност и надеж на милиони за време на пандемијата.

Гледајќи ги овие многу прекрасни примери на дигитални рекламни кампањи, јасно е дека иновативноста и креативноста во овој сектор не покажуваат никакви знаци на забавување.

Сакате понуда за рекламирање на такси?
Потребен ви е дисплеј за надворешна употреба или внатрешен рекламен тотем?
Контактирајте не веднаш на ⬇

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *