Најголемото Лего од Формула 1 болид во светот е изграден за промоција на Големата награда на Саудиска Арабија во декември, а Гинисовите рекорди официјално го потврдија овој подвиг.
Повеќе од 500.000 коцки беа поставени од професионални градители на Лего во трговскиот центар “Jeddah’s Red Sea Mall” за промоција на големата награда на Саудиска Арабија која ќе се одржи на 3-5 декември, соборувајќи го претходниот рекорд поставен од Ферари во 2019 година, каде за нивниот автомобил беа искористени 350.000 коцки.
Последната коцка ја постави претседателот на САМФ, принцот Калид бин Султан Ал-Абдулах Фајсал, на 23 септември, националниот ден на Саудиска Арабија. Секоја коцка, исто така, се „продава“ онлајн, а приходите се наменети за Ехсан – националната платформа на Саудиска Арабија за добротворни цели.
„Ова неверојатно достигнување беше подвиг на соработка и генијалност поврзана со колективната страст да се искористи моќта на Ф1 за да и се обезбеди на Саудиска Арабија посветла иднина.
„Да се биде во можност да му го покажеме ова на светот викендот на првото ГП на Саудиска Арабија е неверојатно достигнување и едвај чекам да видам што ни претстои“.
Погледни видео тука ▶ |