Такси рекламирање: Дигитални реклами на кровот од такси возилата
Еден од најефикасните методи на продажба и рекламирање на Вашиот бизнис е опцијата преку такси рекламирање. И тоа не само преку обично рекламирање, туку преку дигитална реклама како видео или галерија од фотографии, на крововите од такси возилата во градот Скопје.
Овој начин на рекламирање постои веќе цела деценија во држави како Америка, Канада и во некои поголеми европски градови. Па ако овој начин на рекламирање е успешен на овие пазари, тогаш зошто се чека во Македонија?
Такси рекламирање: Опции, можности, ефикаснот и атрактивност
Нашето решение нуди една нова, иновативна и атрактивна опција за рекламирање преку дигитални реклами. Кои се можностите за рекламирање?
- Двострана дигитална реклама на кровот од такси возилата
- Опции за прикажување на видео или фотогалерија (слајдери од повеќе фотографии)
- Можност за рекламирање на повеќе различни фајлови
- Можност за рекламирање на повеќе компании(огласувачи) се со цел прифаќање на подобра цена
- Аудио опција за поголема атракција и задржување на клиентите
- Од едно (1) до пет (5) возила во секое време за резервирање на реклама
Зошто да се рекламирате на такси возила? Зошто дигитална видео реклама?
Такси возилата се одличен избор при избор за реклама и промоција на Вашите услуги. Нашите дигитални видео панели се инсталирани на една од најстарите такси компании во градот Скопје, со повеќе од 100 активни возила. Со реклама на такси возило, Вие и Вашиот бизнис отвара нови страници во светот на маркетингот.
Такси возилата се „мобилни“ опции на реклама.
Преку такси возилата, Вашата реклама ќе биде видена буквално од целиот град, во различни делови и во различно време. Од Драчево до Ѓорче, од Сопиште до Чаир, од Аеродром до Карпош, од Црниче до Маџари.
Во секое време, во секој дел од градот. Со реклама на такси возилата, поточно дигитална реклама со видео или галерија на фотографии, Вашиот бизнис ќе го задржи вниманието на секој граѓанин односно потенцијален клиент.
Според истражувањата направени од светски организации и магазини поврзани со надворешное рекламирање, дигиталната реклама односно видеото, е за 10 пати поефикасна од обичните и постоечките реклами како што се билборди или фиксни банери.
Побарајте понуда веднаш и бидете меѓу првите кои ќе ја искористат можноста за рекламирање преку такси возила.