Надворешното рекламирање (или рекламирање на отворено) постои стотици години, бидејќи тоа е докажан метод за постигнување една поширока публика. Дури и во денешниот дигитален свет, надворешното рекламирање добива нов интензитет. Според Нилсен, секој четврти Американец објавил слика од реклама на билборд на Инстаграм, што овозможува двојна експозиција за вклучените бизниси.
Но, за да може рекламирањето на отворено да стане вирално, треба да се фати фантазијата. За среќа, со модерните методи за прикажување и свежите идеи, надворешното рекламирање никогаш немало поголема способност да направи големо влијание. Во прилог се објавени 5-те најдобри кампањи во светот на надворешното рекламирање според луѓето од Forbes.
1. #CancelSouthPark билборди
Неодамнешен пример во Лос Анџелес дојде од креаторите на Саут Парк. Во рамките на подготовките за лансирање на нивната 22 -ра сезона, црните билборди се појавија низ цел Лос Анџелес со едноставен, но храбар хаштаг #CancelSouthPark со бел текст.Ова ги поттикна прашањата за откажување и објавите за шоуто низ социјалните медиуми, вклучително и снимки од билбордите, што го направи тренд тема.
Нашата компанија за прв пат во Македонија Ви нуди дигитално рекламирање преку различни видеа или фотогалерија на производи, преку дигитални билборди монтирани на такси возилата во градот Скопје (радио такси Рива). Преку овој начин, Вашата компанија добива модерна и уникатна реклама, видена од цело Скопје!
Дознај повеќе2. Coca-Cola билборди
Големиот билборд на Кока-Кола во Торонто е еден од најефикасните рекламни паноа, дури вреден и за купување на акции за самиот билборд. Сместен страннично на станбена зграда, претставува класичен црвен билборд на Кока-Кола со полуполно шише во центарот. Цефките од шишето се протегаат до секој од прозорците на станот, а натписот гласи: „освежете се со Кока-Кола страна на животот“. Едноставно, паметно и ефикасно.3. Дигитални билборди на Spotify
Како дел од нивната кампања “Your 2018 Wrapped”, Spotify им даде можност на корисниците да ги споделат своите податоци за стриминг на крајот на годината на дигитален билборд на Тајмс Сквер. Мислев дека ова е навистина паметен и кул начин за вклучување на тековните корисници и оние кои не се постоечки клиенти, да се префрлат на Spotify. Кој не би сакал да се покажат нивните прекрасни музички вкусови?
4. Gossip Girl “OMFG” билборди
Ако некој направи оглас денес на кој пишува „OMG“, нема да биде голема работа. Тоа е дел од нашиот речник. Но, во 2008 година тој израз тукушто започна да се користи и привлече доста внимание. Мислам дека изразот „OMG“ би бил одличен; „OMFG“ беше уште подобро- кратко; незаборавно; привлекува внимание. Тоа беше совршен рецепт за ефективна реклама. Сите зборуваа за тоа.
5. Chick-Fil-A’s ‘Eat Mor Chikin’
Мислам дека најдобрите билборди го кршат четвртиот ѕид – односно, да привлечат внимание од фактот дека тие се само билборди. Тука спаѓаат таблите Chick-fil-A’s “Eat Mor Chikin”, на кои има крави со четки за боење што стојат под таблата, и табла за компанија за слабеење која е навалена бидејќи има фотографија од крупен човек кој стои во аголот на билбордот. Овој пристап функционира затоа што повеќето од нас сакаат визуелни „претстави“.
Нашата компанија за прв пат во Македонија Ви нуди дигитално рекламирање преку различни видеа или фотогалерија на производи, преку дигитални билборди монтирани на такси возилата во градот Скопје (радио такси Рива). Преку овој начин, Вашата компанија добива модерна и уникатна реклама, видена од цело Скопје!
Дознај повеќе