Vapeki Solutions

Еволуција на рекламирањето: Првата радио, дигитална и мобилна реклама

Еволуцијата на рекламирањето доживеа некои големи промени со текот на годините, бидејќи мораше постојано да се прилагодува и менува за да одговара на новите типови на медиуми и публика. Што е најважно, стана многу поперсонализирано низ историјата. Единствениот медиум што имаше најголемо влијание врз историјата на рекламирање и персонализација на рекламирањето е интернетот и неговата способност да собира илјадници податоци за корисниците.

Златното време на рекламирањето (The “Golden Age of Advertising”)

Рекламирањето стана цело движење, еден посебен свој свет кога станува збор за радио и телевизија во раните 1900-ти. Бидејќи им се „обраќаше“ на луѓето директно преку нивните радија и телевизори, се чувствуваше поперсонализирано од вообичаено.

Рекламирањето за првпат се појави на радиото во 1922 година. Радио водителот Х.М. Блеквел создаде свој „индиректен“ метод: 10-минутен разговор за предностите да се живее безгрижен живот во апартманите на Хоторн Корт во Џексон Хајтс, Квинс. Цената за 10 минутниот временски маркетинг беше 50 американски долари.

Следната голема пресвртница во еволуцијата на рекламирањето дојде на 1 јули 1941 година, кога првата легална и континентална реклама се појави на ТВ екраните на “WNBT”. Иако оваа реклама на компанијата „Bulova Watch Company“ беше кратка (само 10 секунди за едноставна графика и глас):

… го постави преседанот за следните 70 години.

Луѓето почнаа да се чувствуваат подобро и оптимистички, и покрај тоа што 50-те години беа напнати за Америка и регионот поради Студената војна. Почнаа повеќе „да ги отвораат своите паричници“ бидејќи просперитетот повторно почна да расте – и голем дел од ова се должи на промената на тактиките за рекламирање (не само медиумите). Ова време беше наречено „Златно време на рекламирање“ – време на големи идеи и огромни можности во текот на 1960-тите до крајот на 1980-тите. 

Компании почнаа да градат свој бренд со заштитни знаци или фотографии како што е позната реклама на “Marlboro”. Меѓу сите различни ликови што се појавија, рекламите во тоа време имаа една главна цел: да продаваат. Иако ликовите играа голема улога во креирањето на културата за рекламирање за потрошувачите, производот беше секогаш во првите редови.

Онлјан рекламирање (Интернет рекламирање)

Следната фаза, односно следниот период беше познат по воведувањето нови канали и медиуми и драстично поместување во мотивот. Наместо продажба, еволуцијата на рекламите почна да води кон фокусирање на свесноста за брендот и решавање проблеми. Кој е проблемот на потрошувачите и како може производот да помогне? Тука веќе веќе не беше центар на рекламата – туку потрошувачот.

Сето ова започна со употребата на Интернет во 1992 година со воведување на онлајн услуги како “America Online” и “Prodigy”. Кога сите одеднаш почнаа да го користат Интернетот од лични/сопствени причини, огласувачите ја искористија можноста да стигнат до потрошувачите и таму. Почнаа да го префрлаат вниманието кон повеќе дигитални реклами, почнувајќи со рекламирање на самите екрани.

Еволуцијата на рекламирањето на екраните/мониторите започна со првиот рекламен банер од AT&T во 1994 година:

Околу 44% од луѓето што ја видоа рекламата ја кликнаа, а кога ја отворија, завршија тука:

Иако на страницата и недостасуваше оптимизација, рекламата создаде огромна реакција што го смени текот на рекламната индустрија, па затоа и рекламните банери започнаа екстремно брзо.

Во 1995 година, “Yahoo” се трансформираше од веб-директориум во комерцијален бизнис. Компанијата објави рекламен договор за нивните „примитивни“ рекламни банери, со пет логоа на спонзори на компании што се вртеа секојдневно низ горниот дел на страницата.

Во текот на истата година, “Yahoo” ја создаде и првата реклама базирана на клучни зборови.

Еволуцијата на мобилно рекламирање

Првата реклама за мобилни телефони се појави во 2000 година кога финскиот медиум за локални вести испрати бесплатни „пораки“ преку СМС. Ова доведе до повеќе експериментални реклами преку мобилните телефони и иницијативи за „мобилен (смс) маркетинг“.

Кога беше објавен оригиналниот iPhone во 2007 година, мобилните реклами беа претставени за паметните телефони. Сепак, сеуште нови за народот, огласувачите само ќе ги реформатираат своите огласи за мобилни телефони, што значи дека тие не беа добро дизајнирани и не обезбедуваа идеално корисничко искуство. Како одговор на широко распространетите негативни повратни информации од овие први реклами за паметни телефони, огласувачите почнаа да ги прават своите реклами “mobile-first”.

Коментирај

Your email address will not be published. Required fields are marked *