1. Дигитални билборди
Vapads е првата компанија во Скопје која успешно го реализираше проектот за инсталација и монтирање на дигитални билборди на крововите од такси возилата. Нашата компанија во овие 3 месеци од постоење започна со вкупно 4 дигитални билборди монтирани на 4 возила во такси компанијата Рива.
Дигиталните билборди се заштитени од алуминиумска оклопна кутија која ја штити опремата од надворешни услови, како и внатрешни делови со одреден степен на заштита од вода. Овие билборди овозможуваат објавување на различен промотивен материјал од различен тип, како што се видеа, гифови или збор на фотографии (фотогалерија), а покрај тоа, овозможува и мобилност при промена на дизајнот или текот на самата кампања.
Клиентите веќе немаат потреба да мислат два пати дали одбраниот дизајн е погоден за кампањата или можеби требале да го променат. Со нашите дигитални панели, овозможуваме лесна промена на рекламниот материјал преку специјални WiFi модули за брз трансфер на фајловите.
Нашата компанија за прв пат во Македонија Ви нуди дигитално рекламирање преку различни видеа или фотогалерија на производи, преку дигитални билборди монтирани на такси возилата во градот Скопје (радио такси Рива). Преку овој начин, Вашата компанија добива модерна и уникатна реклама, видена од цело Скопје!
Дознај повеќе2. ЛЕД табли
Покрај дигиталните билборди, Ви нудиме и рекламирање на фиксни ЛЕД рекламни табли на кои се прилепува фолија во времетраење од минимум 30 дена. На овој начин, во пакет со дигиталните билборди, клиентите го „резервираат“ Скопје со реклама која „нема утка“. Такси возилата се секогаш онаму каде што се и луѓето, па со тоа, вашата компанија или производ ќе биде секогаш присутна помеѓу вашите потенцијални, идни клиенти.
3. Рекламен материјал за патниците на билборди за седишта
- vapekisolutions@gmail.com